вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рајан: Вакцините не значат крај на пандемијата

Рајан: Вакцините не значат крај на пандемијата

Вакцините се најважниот дел во борбата против Ковид-19, но тоа не е крај на пандемијата, изјави денеска експертот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација, Мајк Рајан.

-Гледаме дека пристигнуваат и податоци дека заштитата (што ја обезбедува вакцината) можеби нема да биде долготрајна и оти се можни појави на повторно заразување, рече Рајан.

„Вакцините не се еднакви на нула ковид“, рече Рајан. (МИА)