Секретарот за медиуми на украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека дел од ракета паднал во дворот на летната резиденција на претседателот.
Сергеј Никифоров објави фотографии од дворот на летната резиденција која се наоѓа во близина на Киев, а на истите се гледа како неидентификуван метален предмет е паднат во дворот.
Тој се сомнева дека станува збор за фрагмент од ракета.
-Дел од ракета падна во дворот на претседателот, објави тој.
Инаку за потсетување денес се појавија информации дека Зеленски во последните неколку дена тој преживеал најмалку три атентата.