Бројот на починати мигранти пронајдени во напуштен камион во градот Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, се зголеми на 51.
Официјалните лица претходно соопштија за 48 почината, но сега таа бројка е ревидирана на 51.
Во болница биле примени 16 лица, кои биле пронајдени живи, меѓу кои и четири деца. Меѓутоа, петмина од нив подоцна починале.
Се претпоставува дека станува збор за илегални работници кои незаконски влегле во САД. Меѓу пронајдените има 22 мексикански државјани, седум Гватемалци и двајца од Хондурас, а за останатите се уште се чека идентификација.
Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус, во понеделникот изјави дека работник во близина на Сан Антонио слушнал извици за помош од приколка од напуштен камион и дека потоа биле пронајдени телата, како и преживеаните.
Мекманус претходно изјави дека возачот и уште две лица се приведени, но не го откри нивниот идентитет. с