вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на загинати во пожарот во коптска црква во Египет

Расте бројот на загинати во пожарот во коптска црква во Египет

Најмалку 41 лице загина во пожар во коптска црква во Гиза во близина на Каиро, соопшти денеска Коптската православна црква во Египет.

Извор од Министерството за здравство за ДПА го потврди бројот на починати.

– Бројот на починати се зголеми откако неколку лица повредени во пожарот им подлегнаа на повредите, додаде изворот, кој побарал да не биде именуван бидејќи не е овластен да зборува за медиумите.

Коптската црква соопшти дека пожарот избувнал за време на утринската миса во црквата Або Сефеин во градот Гиза, при што загинале најмалку 41, а 14 лица се повредени.

Пожарот избувнал поради неисправно електрично коло предизвикано од клима уред во зградата на црквата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пожарот подоцна беше ставен под контрола, се додава во соопштението на Министерството. Во инцидентот се повредени пет лица од цивилната одбрана.