понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул

Расте бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 11 жртви, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.

Тој прецизира дека од под урнатините на зградата во населбата Картал е извлечено уште едно тело, со што бројот на загинатите се зголеми на 11. Досега има 13 повредени, а спасувачките операции се уште траат.

Под надзор се и објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на зградата која се урна, информира Анадолија.

Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени. ј