недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на жртви по уривање на зграда во Русија

Расте бројот на жртви по уривање на зграда во Русија

Бројот на загинати по уривање на зграда во рускиот град Магнитогорск се искачи на 13 лица, соопшти регионалната служба за медиуми на руското министерството за вонредни ситуации, пренесува Танјуг.

-Потврдуваме дека со моментов има 13 жртви, се вели во соопштението.

Дел од станбена десеткатница се сруши на 31 декември, евакуирани се десетици лица, а по околу 30 се уште е трага.

Рускиот Истражен комитет верува дека главната причина за рушењето е експлозија на гас во еден од становите.

Еден од жителите како што пренесуваат светските медиуми доживеал „новогодишно чудо“ откако неговиот 11 месечен син Иван е пронајден жив под урнатините, 36 часа по рушењето на зградата.

Бебето има повреди на главата и скршеници, како и хипотермија, по што било хоспитализирано во болницата во Москва.

Таткото на Иван бил на работа кога неговата сопруга му се јавила и му рекла дека зградата се срушила. Таа успеала да се спаси заедно со тригодишниот син. Бебето Иван било пронајдено кога еден од спасувачите слушнал плач.