Бројот на загинати во урната зграда на Флорида недалеку од Мајами се искачи на 12, изјави градоначалникот на округот Мајами-Дејд, Левин Кава.
Според неа, други 149 лица се водат како исчезнати, додека судбината на 125 лица е позната, пренесува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.
Сè уште се испитува што довело до рушење на катната зграда пред пет дена, но вниманието е насочено кон структурните оштетувања наведени во извештајот на инженерите од 2008 година, објавен од градските власти на Сурфајд, според Ројтерс.
Во тој извештај, инженерите утврдиле значителна структурна штета околу базенот во зградата и влошување на цементот во подземната гаража.
Дванаесеткатницата е изградена во 1981 година и има 130 апартмани.