сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Раул Кастро останува на врвот на Комунистичката партија до 2021. година

Раул Кастро останува на врвот на Комунистичката партија до 2021. година

Поранешниот претседател на Куба Раул Кастро изјави дека ќе го напушти врвот на Комунистичката партија на наредниот партиски конгрес во 2021. година.

Освен тоа, Кастро посочи дека своето место ќе го предаде на сегашниот претседател Мигел Дијас-Канел.

-Ќе продолжам да ја вршам функцијата генерален секретар на партијата до истекот на мандатот во 2021 година, рече Кастро кој таа година ќе наполни 90 години.

Дијас-Канел денеска ја почна историската транзиција на островот по скоро шест децении владеење на браѓата Фидел и Раул Кастро, ветувајќи „продолжување на револуцијата“.

Како единствен кандидат, Дијас-Канел е избран во парламентот со 603 гласови од присутните 604 пратеници.

Тој е прв претседател кој е роден после Кубанската револуција во 1959. година и поради тоа ќе има тешка задача да го зацврсти својот легитимитет по скоро 60 години владеење на браќата Кастро.