Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн го разреши министерот за имиграција Јан Лијс-Галовеј поради што една година бил во врска со вработена во неговиот кабинет.
Лијс-Галовеј изјави дека се согласува со одлуката на премиерката Ардерн и се извини. Тој истакна дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, што се закажани во септември.
– Постапив целосно несоодветно и не можам да продолжам да ја извршувам финкцијата министер, истакна Лијс-Галовеј.