Рускиот претседател Владимир Путин го разреши заменик- министерот за внатрешни работи Александр Романов, кој истовремено е и раководител на одделот за истраги.
Путин го потпиша указот за разрешување непосредно откако вработени во тоа Министерство беа уапсени за корупција.
Случајот против неговите двајца заменици е покренат во врска со информациите добиени од Истражната единица на Министерството за внатрешни работи на 1 април.
Замениците Александар Краковки и Александар Бирјуков беа уапсени на 3 април.
Според истражителите, тие го довеле во заблуда Романов и помогнале да се ослободи бизнисменот Алберт Кудојан, кој е под истрага за измама од 10 милиони долари.
Кудојан е во домашен притвор.