вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реакции за самитот Трамп-Ким: Пофалби кон двајцата лидери доаѓаат од сите страни

Реакции за самитот Трамп-Ким: Пофалби кон двајцата лидери доаѓаат од сите страни

Пристигнуваат реакции од светот за историскиот самит во Сингапур каде состанок одржаа американскиот претседатели и севернокорејскиот лидер.

Кина предложива укинување на санкциите. Оваа држава до Советот за безбедност на Обединетите Нации достави предлог за намалување на суспензиите или укинување на санкциите кон Северна Кореја, доколку Пјонгјанг постапи во согласност со резолуциите на ОН и напредне во дипломатските преговори.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шаунг рече дека Кина ги поздравува и поддржува разговорите меѓу двајцата лидери за да постигне консензус за денуклеаризација и формирање на мировен механизам.

Тој на новинарите во Пекинг им соопшти дека санкциите од СБ против Северна Кореја би можеле да бидат суспендирани или укинати во согласност со акциите на Пјонгјанг, пренесува АП.

-Санкциите не се крај. Веруваме дека СБ би требало да направи напори да ги поддржи дипломатските напори во овој момент, рече Генг.

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Федерика Могерини изјави дека состанокот го потврди силното убедување на ЕУ дека дипломатијата е единствен начин кон траен мир на Корејскиот полуостров.

-Дипломатскиот пат често е пол со предизвици, но секогаш се исплати, порача Могерини.

Оцени дека состанокот во Сингапур беше пресуден и неопходен чекор за да се продолжи по патот на позитивен развој на случувањата постигнати досега во однос на меѓународните односи и на самиот полуостров, на што Могерини му се заблагодари на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин.

Јужнокорејскиот претседател, пак, го поздрави договорот меѓу САД и Северна Кореја, истакнувајќи дека е историско случување кое ќе ја оконча Студената војна. Мун им додела признанија на Ким Џон-ун и Доналд Трамп поради храброста и одлучноста, наведувајќи дека со тој договор двете Кореи ќе ја свртат страницата на тешкото минато создадено од војна и конфронтација.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го поздрави состанокот меѓу американскиот и севернокорејскиот лидер.

-Само фактот за состанок меѓу двајцата лидери е позитива… Ги следиме коментарите на двете страни, но се уште го немаме видено документот… ќе видиме, рече Лавров, пренесува Ројтерс.