среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани 30 случаи на тромб од вакцина на Астра Зенека

Британскиот здравствен регулатор синоќа соопшти дека се регистрирани 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта по аплицирање на вакцината Астра Зенека против Ковид-19.

Таа цифра е за 25 повеќе од претходниот извештај, јави ДПА.

Агенцијата за регулирање на лекови соопшти дека не добила никакви извештаи за згрутчување на крвта по употребата на вакцината на Фајзер Бионтех.