недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Река од црвено вино тече низ португалските улици: Се излеаа 2 милиони литри, мештаните затекнати (ВИДЕО)

Река од црвено вино тече низ португалските улици: Се излеаа 2 милиони литри, мештаните затекнати (ВИДЕО)

Винарите го обоија во црвено малото португалско гратче Сао Лоренцо до Баиро, откако две цистерни случајно истуриле 2,2 милиони литри црвено вино по мирна улица.

Брза река црвено вино течеше по ридот во овој мал град, откако два резервоари во сопственост на дестилеријата Левира ненадејно попуштија во неделата, пишува Дејли мејл.

Збунетите локални жители гледаа како вино, речиси доволно за да наполни базен со олимписка големина, се излева по улиците на градот.

Излевањето беше толку големо што локалните власти објавија еколошка тревога и беа принудени да го пренасочат виното за да спречат загадување на блиската река.

Противпожарната служба на Анадија го блокирала поројот и го пренасочила од реката, па виното го натопило полето, јавуваат локалните медиуми.

Пожарникарите соопштија дека подрумот на куќа во близина на дестилеријата е преплавен со вино.

Дестилерија Левира испрати извинување.

„Ние преземаме целосна одговорност за трошоците поврзани со чистење и санирање на штетите, со екипи на располагање да го направат тоа веднаш. Посветени сме на што поскоро решавање на оваа ситуација“, велат оттаму.