сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Репортери без граници: Скоро 400 новинари се в затвор во светот

Репортери без граници: Скоро 400 новинари се в затвор во  светот

Годишниот извештај на „Репортери без граници“ открива зголемување на произволните апсења поврзани со здравствената криза, како и зголемување на бројот на уапсени жени новинари, јави дописникот на МИА.

Бројот на приведени новинари ширум светот изнесуваше 387 на крајот на 2020 година, бројка скоро стабилна за една година и покрај зголемувањето на произволните апсења во врска со здравствената криза, според годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) објавен денес во Париз,

Како и во 2019 година, каде „Репортери без граници“ идентификуваа 389 затворени новинари заради вршење на својата професија, пет земји учествуваат со повеќе од половина од нив (61 отсто), укажува невладината организација во својот извештај. Кина на тој начин останува во предност со затворени 117 новинари (професионални или не), пред Египет (30), Саудиска Арабија (34), Виетнам (28) и Сирија (27).

-Бројот на притворени новинари ширум светот останува на историско високо ниво, подвлекува невладината организација. И жените, „сè побројни во професијата, не се поштедени“, осудува генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делуар, цитиран во соопштението за печатот. Според извештајот, 42 од нив „во моментов се лишени од слобода“, во споредба со 31 во 2019 година (+ 35 отсто).

Вкупно, 17 беа „ставени зад решетки“ во текот на годината, од кои 4 во Белорусија, центар на „невидена репресија откако“ беше реизбран Александар Лукашенко.

Друг забележителен развој на настаните: зголемувањето на апсењата поврзано со здравствената криза, со 14 новинари „сè уште зад решетки“ за следење на пандемијата, од кои 7 во Кина. Невладината организација, која ја лансира „Опсерваторијата 19“, посветена на ова прашање во март, регистрира „повеќе од 300 инциденти директно поврзани со новинарско покривање на здравствената криза“ помеѓу февруари и крајот на ноември, во кои учествуваа скоро 450 новинари.

-Самоволното апсење, претставува „35 отсто од забележаните злоупотреби (пред физичко или морално насилство)“, биле „биле зголемени за четири пати“ помеѓу март и мај, се наведува во извештајот. „Законите за вонредни состојби или мерките донесени“ во повеќето земји за да ја задржат пандемијата „придонесоа“ за „задржување на информациите“, објаснува РСФ.

Покрај тоа, „најмалку 54 новинари во моментот се заложници“ во Сирија, Јемен и Ирак, нивниот број падна за 5 отсто за една година. Невладината организација идентификува и 4 новинари пријавени за исчезнати во 2020 година, додека во 2019 година не биле забележани нови случаи на исчезнување. Тие се од Блискиот исток, субсахарска Африка и Латинска Америка. (МИА)