Републиканците денеска се на чекор од освојување на мнозинство во новиот состав на Претставничкиот дом на Конгресот.
Според проекциите на американските медиуми, се очекува републиканците да го освојат мнозинството бидејќи веќе имаат освоено 217 од потребните 218 места, за разлика од демократите кои освоија 205, во Долниот дом на Конгресот, во кој има 435 пратеници, јави Гласот на Америка.
Изборните гласови се уште се пребројуваат во 13 места, главно во Калифорнија.
Повеќето американски политички аналитичари предвидуваат дека републиканците би можеле да освојат тесно мнозинство, можеби 219 до 222 места, што е далеку под предизборните предвидувања на републиканските лидери кои очекуваа мнозинство од 30 членови во следниот состав на Конгресот што стапува на должност во јануари