среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рестрикции во водоснабдувањето во Велика Британија: „Екстремното топло и суво време предизвика реките да исчезнуваат“

Рестрикции во водоснабдувањето во Велика Британија: „Екстремното топло и суво време предизвика реките да исчезнуваат“

Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години.

– Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку што би очекувале за овој период од годината, соопштија од компанијата.

Уште неколку водоводни компании веќе најавија ограничувања во користењето вода.

Забраната за користење црева за наводнување и прскалици за корисниците на компанијата „Саут ист вотер“ ќе стапи во сила денеска, а ограничувања планира и „Темза вотер“, што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон.

Претходно неделава, британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша, бидејќи се предвидува уште еден топлотен бран во земјата. (МИА)