недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Романија избира нова влада на 24 февруари

Романија избира нова влада на 24 февруари

Гласањето за нова влада на Романија ќе се одржи на 24 февруари, објави романската новинска агенција Аџерпрес.

Парламентот го одобри денеска распоредот во процедурата за стапување на должност на новата влада, откако кабинетот на Националната либерална партија беше соборен со иницијативата за гласање недоверба, поднесена од Социјалдемократската партија и Демократската унија на Унгарците во Романија.

Раководството на Парламентот, каде социјалдемократите имаат мнозинство, одлучи денеска да одржи расправа за новите министри следната недела – на 17, 18 и 19 февруари, а гласањето за нова влада да се спроведе на 24 февруари.

По успешното гласање недоверба, шефот на државата Клаус Јоханис се консултираше со парламентарните партии и повторно го предложи за премиер лидерот на либералите Лудовик Орбан, кој вчера го предложи истиот состав на кабинетот, што беше соборен со гласањето недоверба.

Според романските медиуми, претседателот Јоханис и Националната либерална партија сакаат да предизвикаат предвремени парламентарни избори, со цел да и се обезбеди на владата солидно мнозинство да ги спроведе планираните реформи. За да се закажат предвремени избори, Парламентот мора да одбие два предлога за премиер и влада во рок од 60 дена.