Романското Министерство за надворешни работи препорача Романците кои се во Русија да ја напуштат земјата „што е можно поскоро“ и дека оние кои планираат такви патувања треба да ги избегнуваат доколку тие не се од суштинско значење.
Министерството исто така ги советува Романците во Русија да избегнуваат јавни собири, да не учествуваат во протестни акции и да го регистрираат своето присуство на специјално креирана електронска платформа.
Романското МНР денеска објави серија препораки насочени кон Романците во Русија „во контекст на неодамнешните случувања во Руската Федерација, вклучително и најавата за делумна мобилизација на 21 септември 2022 година“.