четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русија го смени генералот за логистика на вооружените сили

Русија го смени генералот за логистика на вооружените сили

Русија денеска го разреши генерал Дмитриј Булгаков задолжен за логистика, во време кога се одвива кампањата за мобилизација и во време кога руската офанзива во Украина се соочува со потешкотии.

„Армискиот генерал Дмитриј Булгаков е разрешен од должноста заменик-министер за одбрана бидејќи се прераспределува на друга функција. На негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ќе биде одговорен за материјално-техничкото снабдување на вооружените сили“, соопшти руското Министерство за одбрана, без да наведе повеќе детали.

Генерал Мизинчев (60) во текот на својата долга воена кариера извршувал многу одговорни функции во Генералштабот. Тој е цел на санкции од Западот поради неговата улога во опсадата на пристаништен град во југоисточна Украина, Мариупол.  (МИА)