Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации за нуклеарната централа Запорожје, изјави рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански.
– Во врска со актуелните украински провокации со нуклеарната централа, побаравме итен состанок на СБ со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“, напиша Пољански на Телеграм.
Според него, средбата е планирана за денеска во 21 часот.
Пољански истакна дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да одржи говор на средбата.
Западните земји побараа на 24 август да се одржи уште една средба за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.
Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.