Русија ќе протера бугарски дипломат по сличната мерка на власта во Софија кон руски официјален претставник поради шпионска афера, беше објавено денеска во Москва, пренесува Бета.
„Бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на 28 декември, каде му беше врачена нота дека заменикот воен аташе на бугарската амбасада во Москва е непожелна личност“, соопшти Министерството.
Бугарија протера руски дипломат на почетокот на овој месец по неколку слични случаи, откако против него беа отворени истраги за шпионирање на американските сили стационирани во таа членка на НАТО.