Овој потег ќе доведе до забрана на трансакциите со криптовалути во најголемата земја во светот.
Банката на Русија претстави предлози според кои продажбата, копањето и циркулацијата на криптовалутите ќе бидат забранети, како дел од радикален потег, за кој финансиските шефови велат дека ќе ја заштити економијата од ризиците поврзани со дигиталните валути.
Во соопштението објавено денеска, Централната банка тврди дека „статусот на руската рубља, која не е резервна валута, не ѝ дозволува на Русија да заземе мек пристап или да ги игнорира растечките ризици“.
Според мислењето на официјалните лица, „се препорачуваат дополнителни мерки“. Регулаторот предложи транша од рестрикции за кои рече дека „ќе ги минимизираат заканите поврзани со ширењето на криптовалутите“, вклучително и забрана на трансакции од рускиот пазар, забрана за дигитални деноминации и спречување на финансиските институции да инвестираат во нив.
Дополнително, рударењето на криптовалутите ќе биде забрането според предложената промена на правилата, како и можноста за заработка на инвеститорите. Оние што не ги почитуваат законите може да се соочат со кривично гонење.
Во ноември, банката објави дека секоја година во Русија се тргува со криптовалути во вредност од околу 5 милијарди долари, што ја прави земјата еден од најголемите играчи на овој светски пазар во развој.
Блумберг денеска објави дека Централната банка била контактирана од Федералната служба за безбедност (ФСБ) поради наводна загриженост дека криптовалутата се користи за финансирање медиуми и политички организации означени како „странски агенти“ поради врски со готовина од странство.
Според два анонимни извори, безбедносната агенција препорачала целосно исклучување на криптооперациите во Русија, во согласност со препораките што банката ги објави подоцна.
Покрај наводниот ефект на криптото на финансиските пазари, банката во својата одлука упати и загриженост за влијанието на валутата врз животната средина, тврдејќи дека нејзиното ширење може негативно да влијае на напорите за усвојување одржливи енергетски системи. Во 2021 година, анализата покажа дека биткоинот како дел од својот процес на рударење годишно користи повеќе електрична енергија од нацијата Финска.
Кина лани се најде на насловните страници кога ги забрани криптовалутите во серија мерки. Владата рече дека е загрижена за ефектите на валутата врз животната средина и дека се користи за измама и перење пари, имајќи предвид дека може да се тргува анонимно и надвор од државните финансиски системи. Земјата претходно беше најпопуларна локација за ископување биткоин, но по забраната таа беше заменета со САД.
Девет земји, меѓу кои и Кина, целосно ги забранија криптовалутите, а други 42 воведоа ограничувања што ја отежнуваат употребата. Бројот на земјите што ги забранија криптовалутите е повеќе од двојно зголемен од 2018 година.