Руската војска неутрализирала три украински дрона над Црното Море за кои се верува дека за цел го имале заливот Севастопол, на Крим.
„Ноќеска, околу 4 часот по локално време, откриени се три беспилотни летала на украинската армија во северниот дел на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Како што се додава во соопштението, во зоната за откривање на беспилотните летала бил извршен напад со антидиверзантски ракетни системи.
Во заливот Севастопол, каде што е матичното пристаниште на руската Црноморска флота, во тек се антидиверзантски мерки. (МИА)