петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство

Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство

Еден Русин пешачеше една недела за да го признае тројното убиство што го извршил под дејство на алкохол во оддалечено место на крајниот исток на Русија, соопштија локалните власти.

Убиствата се случиле во август на фарма за ирваси во близина на Хабаровск, соопштија руските истражни власти.

„Додека пиел алкохол со пријател, еден човек му се спротивставил и го застрелал со пушка, а потоа застрелал и две жени на фармата. Бидејќи местото на злосторството било далеку и немало превозни средства, тој пешачел до Охотск една недела, каде што го признал делото во полиција, велат инспекторите.

Приведен е маж, чија возраст и идентитет не се откриваат. Судијата наскоро ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор, додаваат истражителите.

Полициските службеници го посетиле местото на злосторството, како дел од истрагата која треба да ги утврди околностите на настанот.  (МИА)