петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руската делегација го суспендира учеството во работата на Советот на Европа

Руската делегација го суспендира учеството во работата на Советот на Европа

Руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го суспендира своето учество и нема да учествува на состаноци. Тоа го јавија руските медиуми цитирајќи денеска член на руската делегација.

Руското Министерство за надворешни работи минатата недела соопшти дека Москва ќе престане да учествува во работата на Советот на Европа.

Денеска и утре во Стразбур се одржува вонредна седница на ПССЕ фокусирана на последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина, Седницата се одржува преку видео врска. (МИА)