Руската државната Дума едногласно ги ратификуваше договорите за прием на Доњецката Народна Република, Народна Република Луганск, регионите Керсон и Запорожје, четирите југоисточни украински региони доминатно населени со руско и рускојазично населени во Руската Федерација.
Документите беа потпишани во Москва на 30-ти септември. Меѓународните договори, меѓу другото, се занимаваат и со утврдување на границите на новите ентитети. Границите на републиките и регионите ќе бидат одредени со границите на територијата што „постоела на денот на нивното формирање и прифаќање во Руската Федерација“. Меѓународните договори прецизираат дека границите поврзани со територијата на странска држава ќе бидат државната граница на Руската Федерација.
Во договорите се наведува и дека од денот на приемот на субјектите во Русија ќе се формираат две републики и два региона кои ќе ги задржат сегашните имиња. Нивните челници ќе добијат статус на гувернери. Вршителот на должноста раководител на субјектите ќе ги назначи Претседателот на Руската Федерација во рок од 10 дена од датумот на прифаќање на субјектите. Регионалните влади ќе бидат формирани од вршители на должност гувернери „во согласност со законодавството на Руската Федерација“.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата поднесе до Државната Дума нацрт-федерални уставни закони за прием на субјекти во Русија, како и меѓународни договори за ратификација. Исто така, претходно ресрет на Уставниот суд на Русија ги одобри документите поднесени од шефот на државата