вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Руски новинар парично казнет бидејќи „промовирал хомосексуални врски“

Руски новинар парично казнет бидејќи „промовирал хомосексуални врски“

Окружниот суд во Лефортово парично го казни рускиот новинар Јури Дуд поради што „промовирал хомосексуални врски“.

Според судот, Дуд  треба да плати 120.000 рубљи (околу 2.043 евра)  поради „промовирање нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетници“.

Дуд (35), некогашниот спортски новинар, е еден од најголемите руски медиумски ѕвезди. Тој стана популарен по острите, политички интервјуа и документарци објавени на ЈуТјуб, каде го следат над 10 милиони корисници.

Во октомври Дуд беше казнет со 100.000 рубљи (околу 1.702 евра) поради обвинение за „промовирање на дрога“.

Дуд на 15 април беше прогласен и за странски агент од страна на руското Министерство за правда, откако тој јавно се спротивстави на руската војна во Украина, опишувајќи ја како „царска хистерија“.

Адвокатот за човекови прави, Павел Чиков изјави дека случајот против Дуд се темели на негово интервју со геј уметник на ЈуТјуб од 2021 година. Чиков нагласи дека интервјуто не е за хомосексуалноста.

Русија во 2013 година го криминализираше „промовирањето нетрадиционални сексуални ориентации на деца“, дел од широката конзервативна агенда на Кремљ.

Претседателот на Парламентот, Вјачеслав Володин минатата недела повика на целосна забрана на промоција на „нетрадиционални вредности“ во Русија. (МИА)