вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Рускиот амбасадор повикан на разговор поради смртта на заробениот Британец

Рускиот амбасадор повикан на разговор поради смртта на заробениот Британец

Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор рускиот амбасадор Андреј Келин со цел да ја изрази својата загриженост за извештајот за смртта на британскиот хуманитарен работник.

„Шокирана сум од извештајот за смртта на британскиот хуманитарен работник Пол Ури додека беше во заробеништво во проруски сепаратистички регион во Украина. Русија мора да сноси целосна одговорност за ова“, изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас.

Официјален претставник на самопрогласената Народна Република Доњецк ја објави смртта на Пол Уреј претходно истиот ден, пренесуваат светските медиуми.

Медицинскиот преглед по неговото апсење пред неколку недели открил бројни хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес, слаби бели дробови и бубрези, како и неколку кардиоваскуларни проблеми, кажала портпаролката Дарија Морозова во коментарите што ги објави руската државна новинска агенција Интерфакс.

„Со оглед на дијагнозата и стресот, тој почина на 10 јули“, рече портпаролката.

Неговата смрт беше потврдена и од британската хуманитарна организација Президиум Нетворк, која го опиша како хуманитарен работник и негираше дека има воено искуство.

Уреј (45) беше приведен и обвинет за „платенички активности“ од сепаратистите на ДПР, отцепен регион признаен само од Русија, Сирија и Северна Кореја, анализираат медиумите.