Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин започна воена операција против Украина.
Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано утрово, што е за 8% помалку од претходниот ден, пренесува CNN.
Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да се намалува како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата вредност од највисокото ниво во ноември минатата година (68.990 долари) поради геополитичките тензии, можноста за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД и ограничувањата на дигиталните средства во некои големи светски економии.
Останатите криптовалути, исто така, остро паднаа во четвртокот рано наутро. Ethereum падна за повеќе од 12%, додека dogecoin ослабе за повеќе од 14%. Последната цена на ethereum и dogecoin беше 2.349 долари и 10 центи.
Едвард Моја, пазарен аналитичар во Oanda, вчера им кажа на клиентите на неговата компанија дека „многу крипто-инвеститори се погодени од неодамнешниот пад и се двоумат дали да го зголемат својот удел поради огромната неизвесност на ризичните средства“.
Моја предвидува дека малку е веројатно дека биткоинот повторно ќе ја достигне својата цена од 40.000 долари во скоро време, бидејќи геополитичките тензии ќе спречат значително зголемување на ризичните средства.