Градскиот совет на Мариупол тврди дека руските сили го уништиле центарот за рехабилитација за деца во опколениот и разурнат град Мариупол.
-Окупаторите го нападнаа детскиот центар за рехабилитација во Мариупол. Тоа беше модерна медицинска установа, која беше отворена по реконструкцијата пред само една година, соопшти Советот. (МИА)