понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руските сили влегле во Северодонецк, потврди градоначалникот

Руските сили влегле во Северодонецк, потврди градоначалникот

Градоначалникот на Северодонецк, Олександар Стрјук денеска потврди дека руските сили влегле во тој град во источна Украина.
Стрјук изјави дека снабдувањето со електрична енергија и комуникациите се прекинати и дека градот е „целосно уништен“.

-Бројот на жртвите расте од час во час, но не можеме да ги броиме загинатите и ранетите во уличните борби, додаде градоначалникот во телефонското интервју за АП.

Стрјук рече дека 12.000-13.000 цивили, колку што останале во градот од повеќе од 100.000 луѓе, се засолниле во подруми и бункери за да го избегнат руското бомбардирање.

Градоначалникот рече дека 1.500 цивили во градот загинале од почетокот на војната во руските напади, како и поради недостиг на лекови или медицински третман.

Украинската армија соопшти дека руските сили ги зајакнуваат своите позиции во североисточното и југоисточното предградие на Северодонецк и носат дополнителна опрема и муниција за зајакнување на офанзивата.