Ерменија прави огромна грешка со тоа што намерно се обидува да ги расипе односите со Русија и да ја претвори земјата во заложник на геополитичките игри на Западот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со ситуацијата околу Нагорно-Карабах и Ерменија.
„Убедени сме дека властите во Ереван прави огромна грешка обидувајќи се намерно да ги урива повеќеслојните и вековни врски на Ерменија со Русија и да ја претвори земјата во заложник на геополитичките игри на Западот“, се вели во соопштението на Министерството.
Руското МНР ја критикуваше и вчерашната порака за независност на ерменскиот премиер Никол Пашинјан. Според руското МНР, таа содржи неприфатливи напади врз Руската Федерација и предизвикува отфрлање на Москва. „Шефот на владата всушност призна дека сето ова време републиката намерно се подготвувала да се оттргне од Русија“, истакна Министерството.
„Во однос на регионалните прашања, Никол Пашинјан, наместо да го почитува џентлменскиот договор меѓу лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија од ноември 2020 година, одлуката за статусот на Нагорно-Карабах да им се остави на идните генерации, им подлегна на западните охрабрувања“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во синоќеѓното обрачање до нацијата Пашинјан ги обвини Азербејџан и руските мировници се виновни што етничките Ерменци не можат мирно да живеат во своите домови во Нагорно-Карабах. Тој додаде дека ерменско-руското стратешко партнерство „не е доволно за да се осигура надворешната безбедност на Ерменија“. (МИА)