вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Руското обвинителство бара 24 години затвор за новинарот Сафранов

Руското обвинителство бара 24 години затвор за новинарот Сафранов

Руското обвинителство денеска побара 24 години затвор за истражувачкиот новинар Иван Сафранов, кој е обвинет за велепредавство.

Сафронов (32) уапсен е во јули 2020 година, а според новинарите неговото апсење е одмазда поради неговите текстови за пропустите или непријатните инциденти во руската армија.

Сафронов работеше за два руски национални дневни весници, Ведомости и Комерсант. Тој беше принуден да поднесе оставка од Комерсант во 2019 година, а во мај 2020 година стана советник на поранешниот директор на руската вселенска агенција Роскомскос, Дмитриј Рогозин.

Според руската безбедносна служба ФСБ, тој е осомничен за одавање на државни тајни за воена и техничка соработка, одбрана и безбедност на Русија на разузнавачката служба на земја членка на НАТО.

Сафронов претходно изјави дека не е виновен, додека Кремљ тврди дека неговото апсење не е поврзано со неговите новинарски активности. (МИА)