Руското државно обвинителство сака да го сослуша Алексеј Навални во Германија, каде што е во болницата, и да ги открие деталите за неговото патување во Новосибирск и Томск.
Обвинителството, заедно со сообраќајната полиција, испратиле соодветно барање до германското Министерство за правда, пренесува РТ.
Истражителите имаат намера да ја проверат верзијата дека Навални е затруен, како што соопштија германските власти.
Истражителите во Обвинителството се заинтересирани кој го испланирал службеното патување на Навални и кој го придружувал од моментот кога полетал од Москва, па сè додека не бил хоспитализиран во Омск.
Руското обвинителство е заинтересирано и зошто опозиционерот ги сменил хотелските соби додека бил во Томск.
Покрај тоа, тие ги бараат од германските експерти и сите анализи и токсиколошки испитувања.
Предвидено е Навални да биде испрашуван во Германија, а Министерството за правда на земјата го доби документот и во моментов го проучува. (MИА)