среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руте: Холандија дополнително ќе ги зајакне украинските капацитети за противвоздушна одбрана

Руте: Холандија дополнително ќе ги зајакне украинските капацитети за противвоздушна одбрана

Холандија одлучи да испрати дополнителен капацитет за противвоздушна одбрана во Украина, објави денеска холандскиот премиер Марк Руте, кој е во посета на Романија.

– Мораме да ја поддржиме Украина со сите можни средства – финансиски, воени, хуманитарни, а неодамнешните напади врз цивилни цели во Украина претставуваат сериозна ескалација и покажуваат колкава поддршка е потребна за оваа земја. Затоа Холандија денеска одлучи да испрати дополнителен капацитет за противвоздушна одбрана на Украина, изјави Руте. Тој додаде дека во сегашниот контекст „нашата заедничка одбрана е посилна од кога било“.

– Нема да попуштиме пред агресијата, нема да попуштиме пред тираните. Романија веќе знае, поради својата географска положба, колку Русија може да биде агресивна, изјави холандскиот премиер.