петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД: Го затвораме американското небо за сите руски летови

САД: Го затвораме американското небо за сите руски летови

САД воведуваат забрана за летање на руски авиони во американскиот воздушен простор, како одмазда за руската акција во Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Објавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и вршејќи дополнителен притисок врз нивната економија“, рече Бајден, цитиран од Ројтерс.

Бајден ја објави забраната за летови откако сличен потег беше направен од Канада и Европската унија претходно оваа недела, пренесува АП.

Наредбата на американската Федерална управа за авијација, агенција на американското Министерство за транспорт, ќе стапи на сила до крајот на денот денеска по локално време.