среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД: Сенатот одобри рекорден воен буџет од 738 милијарди долари

САД: Сенатот одобри рекорден воен буџет од 738 милијарди долари

Сенатот на американскиот Конгрес со големо мнозинство го одобри предлогот за буџет за одбрана од 738 милијарди американски долари, што ќе биде финализиран денеска. Ќе стапи на сила по потпишувањето од претседателот Доналд Трамп.

Горниот дом на Конгресот, во кој републиканците на Трамп имаат мнозинство, гласаа – 76 „за“ и шест „против“.

Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, го усвои законот со 377 гласови „за“ и 48 „против“.

Буџетот опфаќа широк спектар на расходи, од финансирање на платите до бродови и авиони што треба да се произведат, модернизираат или повлечат.

Оваа година, буџетот опфати и создавање Вселенски сили, воен приоритет за претседателот Трамп.