САД ги информираа своите сојузници дека Русија побарала од Кина воена опрема, вклучувајќи ракети, беспилотни летала и оклопни возила, и дека Кина „одговорила позитивно” на барањето, пишува „Фајненшл тајмс”.
Од дипломатската депеша што ја испратила САД не е јасно дали Кина веќе ја испратила помошта или едноставно се обврзала да го стори тоа, додава Фајненшл тајмс.
Меѓу барањата на Русија се и готовите воени оброци, изјавија претходно два извори за Си-Ен-Ен.
Еден од нив сугерираше дека храната би можела да биде барањето на кое Кина би можела да се согласи бидејќи тоа не е дел од помошта на која Западот би можел да реагира.