Најновиот и најнапреден американски носач на авиони УСС Џералд Форд тргна на своето прво патување од Норфок, Вирџинија. Една од првите негови задачи е вежба со сојузниците во Европа. Форд е првиот американски носач на авиони дизајниран во „повеќе од 40 години“. Изградбата на огромниот брод почна во ноември 2009 година.
Ова е првиот носач од класата Форд. Американската морнарица почна изградба на уште два носачи од таа класа, УСС Кенеди и УСС Ентерпрајз.
Овој носач на авиони има нова напредна технологија. Бродот троши речиси три пати поголемо количество електрична енергија во споредба со носачите од класата Нимиц и користи електромагнетски систем за лансирање на авионите.
Овој систем користи електрична енергија за лансирање на авионите од палубата наместо претходниот систем на парен катапулт. Системот помалку ги оптоварува авионите и ќе овозможи пократко време меѓу лансирањата, кажа функционер на американската морнарица.
Носачот има и значително понапреден радарски систем. Како што соопшти морнарицата, носачот ќе дејствува главно во Атлантскиот Океан и Средоземното Море, барем во следните медеци.
фото: EPA-EFE