Саџид Џавид, е назначен за нов министер за внатрешни работи на Велика Британија, откако Амбер Руд поднесе оставка, јави Би-Би- Си.
Џавид е син на пакистански мигрант, кој во 60-тите години на минатиот век дошол во Велика Британија и работел како возач на автобус.
Џавид досега бил и министер за локална самоуправа и домување. Тој бил поранешен извршен директор на Дојче банка.
Руд поднесе оставка поради обвинувањата дека ги довела во заблуда застапниците во поглед на третманот со имигрантите.
(Миа)