среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сакала посебно да го прослави 18-тиот роденден, но тоа ја чинеше живот: Падобранот не се отвори, родителите го снимаа кобниот пад

Сакала посебно да го прослави 18-тиот роденден, но тоа ја чинеше живот: Падобранот не се отвори, родителите го снимаа кобниот пад

Мексиканката Ванеса Ивон Мелендес Карденас сакала за својот 18-ти роденден да скока со пријателите со падобран, но се тргна на лошо.

Заедно со уште тројца ученици и со инструкторот се подготвувала за летот, а пријателите и семејството ја снимале нивната авантура.

„Еве сега ќе слета“, рече еден маж пред да забележи дека Ванеса ја нема.

Нешто подоцнам, две тела се пронајдени во полето, на Ванеса и на инструкторот.

Семејството гледало како Ванеса паѓа право во смрт зошто падобранот не и се отворил.

Сепак, од фирмата која организира скокови со падобран велат дека несреќата не е предизвикана поради лоша опрема туку се сомневаат дека некој „чепкал“ околу механизмот за пуштање на падобранот.

„Не знаеме што уште се случило, правиме истрага. Ова не се случува туку така, туку во прашање е човечка грешка. Ова сигурно е поврзано со некој кој бил на тој лето, некој кој ракувал со механизмот на погрешен начин“, рече Хорхе Гаитан кој смета дека падобранот е активиран во фаза на летото кога е невозможно механизмот да одговори.

Ванеса паднала од висина од околу 400 метри.