Италијанскот опозициски лидер Матео Салвини изјави дека ќе ги бојкотира чоколадните продукти Нутела бидејќи не се 100 отсто италијански.
– Открив дека Нутела користи турски лешници, а јас претпочитам да помагам компании што користат италијански продукти, изјави Салвини.
– Сакам да јадам италијанско, ако можам на тој начин да им помогнам на италијанските фармери, нагласи тој синоќа на митинг на националистичката партија Лига.
Салвини (46) често јавно укажува за сопствените навики за конзумирање храна како дел од стратегијата на социјални мрежи. Нутела најчесто му е на неговиоте страници на Фејсбук и Твитер.
Неговата партија го користи мотото „Италијанците на прво место“ и водат во анкети со поддршка од околу 32 отсто. Производителот на Нутела, Фереро е најголем купувач на лечници во светот – според ФАО, Турција доставува 70 отсто од светската потреба за лешници, следи Италија со околу 20 отсто.