сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Салвини нападнат од млада црнкиња: Не можела да се воздржи и му ја скинала бројаницата околу вратот (ВИДЕО)

Салвини нападнат од млада црнкиња: Не можела да се воздржи и му ја скинала бројаницата околу вратот (ВИДЕО)

Лидерот на италијанска Лига, Матео Салвини, денес во Тоскана била нападнат од млада црнкиња, која му скинала копче од кошулата и бројаницата која ја носел околу вратот.

Салвини, чија партија остро се противи на мигрантите, престојувал во Понтасиеве, во близина на Фиренца, во рамките на изборната кампања за регионалните избори на 20-ти и 21-ви септември.

Изгледа дека потегот на жената не бил планиран, соопштила полицијата, пренесува агенцијата “Ansa”.

Како што е наведено, таа, враќајќи се од работа, случајно се нашла во групата приврзаници на Салвини и ја искористила можноста да го турне.

Салвини рекол дека напаѓачката би требало да се засрами.

-Секој може да има поинакви политички, спортски и верски идеји, но без насилство, истакнал Салвини.