Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја избра Саманта Пауер, поранешен амбасадор во Обединетите нации, за директор на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).
„Пауер ќе ја собере меѓународната заедница и ќе работи со нашите партнери на решавање на најголемите предизвици на денешницата – вклучително и на Ковид 19, климатските промени, глобалната сиромаштија и демократското назадување“, се наведува од преодниот тим на Бајден.
Пауер беше постојан претставник на САД во ОН од 2013 до 2017 година.
-Пауер ќе биде силен глас за помош на ранливите, воведувајќи нова ера во човековиот прогрес и развој и работејќи за американските интереси низ светот, рече Бајден во својата изјава. (МИА)