вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Самопрогласениот нов лидер на Нигер ги отфрли економските санкции против земјата како „нехумани“

Самопрогласениот нов лидер на Нигер ги отфрли економските санкции против земјата како „нехумани“

Самопрогласениот нов лидер на Нигер, Абдурахаман Чиани, ги отфрли санкциите воведени минатата недела од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) како „незаконски, неправедни и нехумани“.

Тој во телевизиско обраќање во пресрет на Денот на независноста на поранешната француска колонија рече дека Нигер нема да потклекне пред регионалниот и меѓународниот притисок за враќање на претседателот Мохамед Базум на власт.

Чиани нагласи дека француските граѓани „никогаш не биле предмет ниту на најмала закана“ и дека „немаат објективна причина да го напуштат Нигер“. (МИА)