недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Самоубиствен напад го потресе светот: Загинаа повеќе од 30 лица

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот.
Самоубиствен напад го потресе светот: Загинаа повеќе од 30 лица

Во самоубиствен напад во центарот за регистрација на гласачи во Кабул загинаа најмалку 31 лице, а повеќе од 50 се повредени. Експлозијата одекна пред влезот на зградата, каде луѓето чекаа да бидат запишани за гласање.

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот.

Првичната истрага покажа дека бомбашот-самоубиец имал експлозивен појас на себе. Очевидецот Башир Ахмад за ББС кажа дека многу од жртвите биле жени со деца кои биле таму за да ги добијат личните карти и да се пријават за изборите.

Ова е четврти напад врз ваков центар, откако регистрацијата на гласачите започна пред една недела за изборите што треба да се одржат во октомври.