Шпанскиот премиер Педро Санчез им порача на политичките противници кои вчера на протест во Мадрид бараа да поднесе оставка, дека додека бил опозициски лидер го поддржувал тогашниот премиер Маријано Рахој во врска со Каталонија.
Повеќе десетици илјади луѓе вчера протестираа против предлогот на Санчез за почнување дијалог со цел намалување на политичките тензии во Каталонија. Председателот на Народната партија Пабло Касадо ги повика избирачите да ги казнат социјалистите на Санчез на европските избори во мај.
Во исто време, на собир на социјалистите во северна Шпанија, Санчез порача дека сега како премиер „секогаш со почитување на Уставот, се обидува да ја реши националната криза во која придонесе Народната партија“ чиј лидер беше Рахој.