Одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен карантин за повратниците од Шпанија е неправедна, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.
Според него, шпанската Влада е во контакт со британската Влада и се обидува да влијае за промена на одлуката.
Шпанскиот премиер кажа и дека „грешката“ на Лондон е во тоа што го земал предвид бројот на заразени од коронавирус во цела Шпанија, истакнувајќи дека повеќето региони во оваа земја имаат пониска стапка на Ковид-19 од Велика Британија, пренесоа британските медиуми.