недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Саркози затворската казна ќе ја одлежи дома, со алка на нога

Саркози затворската казна ќе ја одлежи дома, со алка на нога

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен за нелегално финансирање на неговата претседателскка кампања во 2012 година, пресуди денеска судот во Париз, и на поранешниот претседател му одреди казна од една година затвор, објави Си -Ен -Ен.

Ова е втор кривичен случај за Саркози.

Во март, тој беше осуден на три години затвор, од кои две беа суспендирани, за корупција и трговија со влијание.

66-годишниот поранешен претседател ја обжалува мартската казна.

Првично покрената во март 2014 година, криминалната истрага за таканаречениот „случај Бигмалион“ откри дека неговата кампања потрошила повеќе од 54 милиони американски долари користејќи лажни фактури, што е многу над лимитот од 24 милиони долари утврден со францускиот изборен закон.

Судијата образложи дека Саркози може да ја отслужи казната со дома со носење електронска алка на нога.