петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сателитски снимки укажуваат на ново распоредување на руски војници во близина на Украина

Сателитски снимки укажуваат на ново распоредување на руски војници во близина на Украина

Комерцијалните сателитски снимки објавени од приватна американска компанија укажуваат на нови распоредувања на руски воени сили на неколку локации во близина на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Со седиште во САД Maxar Technologies рече дека фотографиите направени во средата и четвртокот покажуваат „значителни нови распоредувања“ на воени трупи на неколку локации во Крим, западна Русија и Белорусија.

На Крим, кој стана дел од Руската Федерација во 2014 година, споменатата американска компанија, како што тврди, идентификуваше големо ново распоредување на војници и опрема на аеродромот Октјабрское северно од градот Симферопол, вклучувајќи 550 воени шатори и стотици возила.